Корисничко име Лозинка Пријави се
05.3.2018

Конте: Не сакав да примиме многу голови

Манчестер сити оствари победа со 1-0 во дербито на 29-тото коло во Премиер лигата над Челзи, но многу повеќе од самиот резултат навивачите ги боли кукавичката игра на „сините“, коишто речиси не се ни обидоа да извлечат нешто повеќе од чесниот пораз. Тоа индиректно го призна и Антонио Конте.

„Мојата тактика беше да не дозволиме простор меѓу линиите, да не им препуштиме простор и да не ризикуваме пораз со разлика од повеќе гола“, изјави менаџерот на Челзи.
Италијанецот изведе постава без класичен напаѓач, а Жиру го внесе во 78-мата минута. Влезе и другиот центарфор Мората, но дури во продолжението. Таквата игра ја оправда со тоа што Сити е многу опасен кога ќе се отвори противникот.
„Кога ќе му дадете простор на Сити назад, натпреварот се завршува со повеќе од 1-0. Не е во прашање само тактиката. Дадовме сè од себе, посебно во одбраната, но кога ќе примите гол само по 30-тина секунди во второто полувреме, тешко е да се вратите“, изјави Конте.

Најнови вести