Корисничко име Лозинка Пријави се
07.3.2018

Роналдо изедначи рекорд стар 15 години

Кристијано Роналдо ја продолжи серијата голови во Лигата на шампионите, во дуелот со ПСЖ ја затресе мрежата на деветтиот натпревар по ред.

Португалецот беше стрелец на еден од двата погодока во триумфот на Реал над ПСЖ, кој на Мадриѓаните им обезбеди пласман меѓу осумте најдобри клубови во Европа.
Тој со тоа го изедначи рекордот на натпреварувањето кој го држи Руд ван Нистелрој. Холанѓанецот играјќи за Манчестер јунајтед, исто така, успеа да постигне гол на девет натпревари во низа во 2003 година.
Ван Нистелрој во текот на таа серија на неговото конто имаше 12 голови, додека Роналдо е малку подобар со вкупно 14.
Најдобриот фудбалер на светот ќе има шанса да постави нов рекорд доколку ја затресе мрежата и во наредниот дуел кој ќе го игра неговиот клуб.

Најнови вести