Корисничко име Лозинка Пријави се
07.3.2018

Буфон: Не ми падна напамет дека ова ми е последен меч во ЛШ

Џанлуиџи Буфон има 40 години. Има уште неколку месеци до истекувањето на договорот со Јувентус и незавидна ситуација пред реваншот со Тотенхем во Лигата на шампионите вечерва.

Легендарниот шампион не сака пред натпреварот на „Вембли“ да разговара за продолжување или за крај на неговата кариера.
„Не ми ни паднало напамет дека тоа би можело да биде последен натпревар во Лигата на шампионите, јас сум човек со оптимизам. Се надевам дека ова не е наш последен натпревар во Лигата на шампионите оваа сезона, а што е уште поважно, верувам дека во иднина ќе играме уште“, изјави Џанлуиџи Буфон.
„Не е баш најдобро време да зборувам за својата иднина сега. Овде не се работи за кој било поединец, туку за тимот. Пред нас се уште многу важни натпревари“, додаде капитенот на Јувентус.
Буфон изјави дека по ремито во Торино, Јувентус ќе реагира како рането животно, дека ќе бара свои шанси во фактот дека одбраната на Тотенхем сигурно ќе има слабости бидејќи англискиот тим ќе напаѓа на „Вембли“.
„И најмалата грешка која ќе ја почувствувам или ќе ја направам за мене секогаш била мотив да се вратам и да докажам кој сум и тоа е една од причините зошто и во четириесеттата година можам да бранам“, додаде голманот на Јувентус.
Буфон во неговата изјава за медиумите Хари Кејн го спореди со Габриел Батистута.
„Мислам дека тоа е адекватна споредба, кога ќе ги погледнете нивните физички карактеристики и начинот на којшто ги завршуваат акциите. Во овој момент нема никакво сомнение дека Кејн е еден од најдобрите напаѓачи на денешницата“, изјави Буфон, кој знае дека во неговата одбрана нема закана само од Хари Кејн.
Дуелот меѓу Тотенхем и Јувентус се игра вечерва, во 20.45 часот.

 

Најнови вести