Корисничко име Лозинка Пријави се
08.3.2018

Гвардиола: Ова навистина е бедно

Манчестер сити очекувано се пласира во четврт-финалето на Лигата на шампионите, но навивачите на лидерот на Премиер лигата никако не може да бидат задоволни бидејќи нивните миленици на домашен терен беа поразени во реваншот од Базел, a дефинитивно незадоволен беше и Пеп Гвардиола.

„Среќни сме што сме во четврт-финалето, многу среќни. Во второто полувреме не напаѓавме, дури заборавивме и да ја додаваме топката. Навистина беше бедно“, изјави Гвардиола.
Една од светлите точки од агол на некогашниот тренер на Барселона и на Баерн Минхен беше партијата на 17-годишниот Фил Фоден.
„Фил беше добар и во вториот дел веројатно единствен кој се трудеше да биде агресивен. Тоа е добро за ритамот кој нè чека во иднина“, додаде менаџерот на Сити.
Тој даде коментар и за наредните предизвици.
„Четврт-финалето веќе е друга приказна. Тоа ниво е тешко и бара многу. Мораме да се подготвиме и да бидеме подготвени да можеме да возвратиме во натпреварот, како што го направивме тоа во некои претходни натпревари“, изјави Гвардиола.
Манчестер сити беше поразен од Базел со 2-1 на „Етихад“, но поради победата со 4-0 во првиот натпревар, го продолжува натпреварувањето меѓу осумте најдобри.

Најнови вести