Корисничко име Лозинка Пријави се
08.3.2018

Барселона стравува: Што ако некој понуди 700 милиони за Меси?

Управата на Барселона стравува дека поради трендот на астрономски трансфери некој клуб би можел да ја плати откупната клаузула од 700 милиони евра за првата ѕвезда Лионел Меси.

Финансискиот директор на каталонците Панчо Шродер изјави дека со новиот договор за Меси до 2021 година практично е договорено Аргентинецот до крајот на кариерата остане во Барселона, но сепак стравуваат да не се повтори ситуацијата со Нејмар за кој ПСЖ летоска издвои рекордни 222 милиони евра.
„Поставивме висока клаузула која требаше да биде доволна Меси до крајот на кариерата остане во Барселона. Меѓутоа, истото го мислевме и за Нејмар, но се покажа погрешно. Тешко е да се каже што ќе се случи во иднина, светот стана луд“, изјави Шродер.
Меси целата кариера ја помина во Барселона, уште од 2001 година кога како момче стигна во Ла Масија и подоцна освои многу трофеи, вклучувајќи осум во Примера, четири во Лигата на шампионите и пет Златни топки за најдобар светски фудбалер.

Најнови вести