Корисничко име Лозинка Пријави се
12.3.2018

Покетино: Кејн? Се надевам дека не е ништо сериозно, но...

Маурисио Покетино, менаџерот на Тотенхем, изјави дека е задоволен од победата против Борнмут и од реакцијата на неговиот тим по елиминацијата од Лигата на шампионите.

Екипата од Лондон во 30-тото коло на Премиер лигата славеше со 4-1, а триумфот го расипа повредата на напаѓачот на гостите, Хари Кејн.
Репрезентативецот на Англија во 34-тата минута го напушти теренот поради повреда на глуждот, а Покетино изјави дека се надева дека не е ништо сериозно.
„На Кејн денес ќе му бидат извршени прегледи на повредениот глужд. Веќе ја има повредено таа нога на истото место. Се надевам дека не се случило ништо сериозно. Мораме да ги почекаме резултатите. Хари е добро расположен. Има силен карактер. Беше задоволен од победата на тимот, но и вознемирен поради повредата“, изјави Покетино.
Аргентинецот изјави дека е исклучително задоволен од триумфот на Тотенхем.
„Мило ми е што екипата добро реагираше на елиминацијата од Лигата на шампионите. Борнмут од првата минута играше со брз ритам и ни создаваше проблеми“, додаде Аргентинецот.
Кејн оваа сезона одигра 38 натпревари во сите натпреварувања, постигна 35 гола и имаше четири асистенции.

 

Најнови вести