Корисничко име Лозинка Пријави се
12.3.2018

Агуеро надвор од теренот две седмици

Серхио Агуеро, ѕвездата на Манчестер сити, ќе отсуствува од теренот околу две седмици поради повреда на коленото.

Аргентинскиот напаѓач на тренингот се здоби со нова повреда, а по дополнителните тестирања, донесена е одлука дека му претстои нова пауза. Агуеро ќе го пропушти последниот натпревар од 30-тото коло на Премиер лигата против Стоук, а доведено е во прашање и неговото учество на репрезентативните натпревари против Италија и Шпанија.
Агуеро оваа информација и самиот ја потврди на социјалните мрежи, а на Сити, секако, ќе му биде олеснување тоа што за натпреварот ќе биде подготвен Габриел Жесус, кој закрепна од повредата.
„Во текот на тренингот во саботата почувствував неудобност во левата нога. Клупските доктори ми рекоа дека на тимот повторно ќе му се приклучам за околу две седмици. Време е за целосно закрепнување“, изјави Агуеро.
Агуеро оваа сезона постигна 21 гол во Премиер лигата, а неговиот Манчестер сити моментно убедливо е прв на табелата со освоени 78 бода, има натпревар помалку и предност од 13 бода пред градскиот ривал Манчестер јунајтед.

Најнови вести