Корисничко име Лозинка Пријави се
13.3.2018

Мурињо: Кој ми зборува, најлошиот тренер во историјата на Премиер лигата!

Жозе Мурињо, менаџерот на Манчестер јунајтед, остро реагираше на критиките на Франк де Бур, кој изјави дека му е жал што Маркус Рашфорд игра кај португалскиот тренер.

Холанѓанецот не се прослави во англискиот фудбал и на клупата на Кристал палас помина помалку од три месеца, а ниту во Интер немаше поуспешна епизода.
Де Бур изјави дека смета дека Мурињо реагира избрзано и дека младиот напаѓач само по еден или два лоши натпревари го испраќа на клупата за резервни играчи.
„Ги прочитав зборовите на најлошиот тренер во историјата на Премиер лигата. Жал ми е што Рашфорд игра за мене бидејќи мене главна цел ми е победата. Ако Маркус го тренираше Де Бур, тогаш ќе изгубеше во секој натпревар“, изјави португалскиот тренер.
„Морам да бидам искрен и да им одадам почит на тренерите на нашата академија кои го воспитаа и Луис ван Хал, кај кого Рашфорд ја помина првата сезона. Кај мене тој е во првите петмина играчи според времето поминато на теренот во изминатите две сезони“, додаде Мурињо.
Дваесетгодишниот напаѓач оваа сезона постигна шест погодоци во Премиер лигата, а на теренот помина 1.443 минути.

Најнови вести