Корисничко име Лозинка Пријави се
14.3.2018

Кејн нема да игра до мај, ќе се врати навреме за Мундијалот?

Хари Кејн, најдобриот стрелец на Тотенхем, поради повредата на лигаментите, ќе паузира до мај, пишува британскиот „Мирор“.

Напаѓачот на репрезентацијата на Англија по трет пат во последните 18 месеци ги повреди лигаментите на глуждот и според пишувањата на „Мирор“, нема да игра сè до крајот на април.
Кејн поради истата повреда прво пропушти седум седмици во 2016 година, а потоа паузираше три седмици.
Тој ќе има доволно време да се врати во форма и да заигра за националниот тим на Мундијалот во Русија, тврди весникот.
Ако закрепнувањето се одвива според планот, 25-годишниот фудбалер ќе може да игра за Тотенхем на последните три лигашки натпревари во сезоната. Кејн со незгодната повреда се здоби на натпреварот со Борнмут.

Најнови вести