Корисничко име Лозинка Пријави се
14.3.2018

Валверде: Иниеста ќе одлучи дали ќе игра

Ернесто Валверде, тренерот на Барселона, пред реванш-натпреварот од осминафиналето на Лигата на шампионите со Челзи изјави дека не е сигурен дали Андрес Иниеста, кој се повреди по нивната прва средба, ќе биде подготвен за натпреварот.

„Вчера без проблеми го одработи поголемиот дел од тренингот. Ќе видиме како се чувствува денес и врз основа на тоа ќе одлучиме. Знаеме дека тоа е многу важен натпревар, но сепак останува играчот да одлучи“, изјави тренерот на каталонскиот клуб.
„Нерешениот резултат од првиот натпревар за нас е добар. Успеавме да постигнеме гол во гости и мислам дека сме во многу подобра положба од Челзи“, додаде Валверде.
Реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите меѓу фудбалерите на Челзи и Барселона се игра вечерва, од 20.45 часот.

 

Најнови вести