Корисничко име Лозинка Пријави се
15.3.2018

Бускетс три седмици надвор од теренот

Серхио Бускетс, играчот за врска на Барселона, ќе отсуствува од теренот најмалку три седмици поради повреда на десното стапало во вчерашниот натпревар со Челзи.

Високиот играч за врска го напушти теренот во 60-тата минута, откако се пожали на болка во стапалото по дуелот со Оливие Жиру.
Подоцна со испитувањата се утврди дека дошло до фрактура на прстот на десното стапало, поради што го очекува подолга пауза.
Бускетс оваа сезона е еден од најстандардните играчи на каталонскиот клуб, досега одигра 41 натпревар, и е еден од најважните играчи за врска во тимот на Ернесто Валверде.

Најнови вести