Корисничко име Лозинка Пријави се
16.3.2018

Лига на Европа: ЦСКА кај „топчиите“, Атлетико во Лисабон

Лондонскиот Арсенал, фаворитот за освојување на Лигата на Европа, во четврт-финалето на натпреварувањето ќе игра против ЦСКА, одлучено е со ждрепката која се одржа напладне во Нион.

Најинтересен дуел би можело да биде пиринејското дерби меѓу Атлетико Мадрид и Спортинг од Лисабон.
Лацио од Рим имаше поволна ждрепка, ќе се сретне со австрискиот Салцбург, додека германскиот Лајпциг, кој е најголемо изненадување на натпреварувањето, го извлече францускиот Олимпик од Лион.
Првите натпревари на програмата се на петти април, а реваншите  се играат на 12-ти. Еден ден подоцна ќе се одржи ждрепката за полуфиналето, кое на програмата е на 26-ти април и на трети мај.
Финалето на Лигата на Европа за сезоната 2017/18 е на 16-ти мај, а победникот ќе избори пласман во Лигата на шампионите.

Лига на Европа, четврт-финале:
РБ Лајпциг – Олимпик Марсеј
Арсенал – ЦСКА Москва
Атлетико Мадрид – Спортинг Лисабон
Лацио – Салцбург

Најнови вести