Корисничко име Лозинка Пријави се
19.3.2018

Кралот Федерер падна – Дел Потро го освои Индијан Велс!

Аргентинецот Хуан Мартин дел Потро ја прекина низата на непобедливоста на Роже Федерер и го освои Мастерсот во Индијан Велс“.

Дел Потро во спектакуларниот натпревар по двата пресврта го совлада Швајцарецот со 6:4, 6:7 (8), 7:6 (2).
Аргентинецот го победи Федерер по 17-те последователни триумфи на првиот тенисер на светот и за прв пат во кариерата славеше на некој Мастерс.
Дел Потро го освои вториот трофеј во сезоната, за прв пат уште од 2013 година. Аргентинецот го освои првиот голем турнир уште од Отвореното првенство на САД 2009 година. Од денес е шести играч на светот.
Натпреварот во Индијан Велс го обележа големата нервоза на двајцата тенисери, пред сè поради непристојната публика која постојано правеше врева меѓу поените, а која се пренесуваше на главниот судија Фергус Марфи.
Дел Потро за малку ќе ја пропуштеше шансата да го сруши Федерер бидејќи ја испушти топката во тајбрејкот на вториот сет, а потоа се врати од „мртвите“ спасувајќи три меч-топки на Швајцарецот во десеттиот гем на третиот.
Федерер ја имаше победата во свои раце, по брејкот за 5:4 имаше три шанси да го реши натпреварот, една топка беше речиси одлучувачка, Дел Потро само што не тргна да му честита на ривалот, но таа не ја помина мрежата.
Тоа како да го пробуди Аргентинецот од летаргијата, успеа да направи пресврт со поен и со рибрејк да се врати во игра и водено да го сруши Аргентинецот.
Федерер почна невообичаено да прави грешки, топката ја испраќаше во аут, посебно во тајбрејкот во којшто освои само два поена.
Швајцарецот изгуби 400 поени на АТП, но останува прв на ранг-листата со 290 повеќе од Рафаел Надал. Дел Потро е шести со 350 поени зад Александар Зверев.
Во среда почнува вториот Мастерс во низа, Мајами, а ждрепката ќе се одржи денес.

Најнови вести