Корисничко име Лозинка Пријави се
20.3.2018

Банкар од Сицилија нов претседател на Серија А

Италијанскиот бизнисмен Гаетано Мичике едногласно е избран за нов претседател на Серија А.

Највисокиот степен на фудбалско натпреварување во Италија остана без претседател пред една година, кога Маурицио Берета ја напушти функцијата. Неговата должност привремено ја вршеше Џовани Малаго, шефот на Олимпискиот комитет на Италија.
Борбата за местото шеф на Серија А ја водеше Карло Тавекио, претседателот на Фудбалскиот сојуз на Италија, но против негова номинација беа челниците на Јувентус и на Рома.
Гаетано Мичике е роден 1950 година во Палермо, а од 2016 година е на чело на банката ИМИ, која работи со познатата банка Интеза.

Најнови вести