Корисничко име Лозинка Пријави се
20.3.2018

Тотенхем го мерка Родриго Морено

Родриго Морено, напаѓачот на Валенсија, игра одлична сезона, постигна 16 гола во сите натпреварувања, па „лилјаците“ ќе имаат големи проблеми да го задржат за наредната сезона, во која речиси е извесно дека ќе играат во Лигата на шампионите.

Навивачите на Валенсија конечно уживаат во квалитетна сезона и во квалитетна игра на нивните миленици. Противниците на „лилјаците“ не знаат од каде се заканува најголемата опасност. Тренерот Марселино  ја пронајде жицата Гонсало Гедес, Санти Мина, Симоне Заза и конечно Родриго Морено.
Напаѓачот кој минатата сезона доби и повик во репрезентацијата на Шпанија, за која даде и еден гол во квалификациите за Мундијалот, постигна 13 погодоци во Примера лигата и уште три во Купот, па сега го привлекува вниманието на англиските клубови.
Тотенхем, наводно, е подготвен да потроши околу 35 милиони фунти на Родриго, а конкуренти во оваа работа ќе му бидат Евертон и Брајтон. На „петлите“ конечно им треба резервен играч за Хари Кејн, кого не го пронајдоа баш во Винсент Јансен минатата и во Фернандо Љоренте оваа сезона. Од друга страна, има и шпекулации дека најдобриот англиски шпиц би можело да го напушти Лондон бидејќи, според медиумите, за него е заинтересиран Реал од Мадрид.

Најнови вести