Корисничко име Лозинка Пријави се
21.3.2018

Зидан даде зелено светло за Левандовски

Зинедин Зидан, тренерот на фудбалерите на Реал, даде зелено светло за трансфер на Роберт Левандовски од Баерн Минхен, пренесува „АС“.

Како што се наведува, Мадриѓаните се одлучиле за полскиот репрезентативец пред Англичанецот Хари Кејн од Тотенхем, кој е помлад, но и доста поскап.
Левандовски се докажа со головите во Борусија од Дортмунд, во Баерн и во репрезентацијата, а според некои извори, него повеќе го сакаат и идните соиграчи на чело со Кристијано Роналдо.
Доаѓањето на Полјакот значи и извесно заминување на Карим Бензема, кој е далеку од некогашната форма и очигледно ги потрошил сите кредити кај Управата и кај навивачите.

Најнови вести