Корисничко име Лозинка Пријави се
22.3.2018

Икарди проговори за причината поради која не е повикан во репрезентацијата

Мауро Икарди даде изјава за репрезентацијата на Аргентина и за тоа дали ќе биде во составот на Мундијалот.

Мауро Икарди е еден од најдобрите играчи во Европа во овој момент, тоа го докажа и во последното коло на Серија А, кога дури четири пати ја затресе мрежата.
И покрај тоа што докажа дека е во добра форма по повредата, не беше повикан во репрезентацијата на Аргентина, а најверојатно нема да биде во репрезентацијата ниту на Мундијалот и дека Сампаоли ќе го изостави од списокот.
Приказната уште одамна е позната, Лионел Меси и уште неколкумина фудбалери се на страната на Макси Лопес, со кого Икарди не е во најдобри односи, а причина за тоа е сегашната сопруга на Маури, а поранешна на Макси, Ванда Нара.
Мауро Икарди даде изјава околу тоа зошто не бил повикан во репрезентацијата за пријателските натпревари.
„Зборував со Сампаоли. Знаев дека овој пат ќе бидам изоставен бидејќи бев повреден дури на четири натпревари. Тоа е единствената причина зошто сега не сум повикан“, изјави Икарди.
Останува да се види која ќе биде причината ако не биде повикан во Русија.

Најнови вести