Корисничко име Лозинка Пријави се
23.3.2018

Велс ја демолираше Кина на дебито на Гигс, Бејл во историјата

Фудбалската репрезентација на Велс во натпреварот од Купот на Кина ја победи селекцијата на домаќинот во Нанинг со 6-0.

За прв пат на клупата на репрезентацијата седеше новиот велшки селектор, легендарниот Рајан Гигс, кој го замени поранешниот селектор Крис Колмен, кој поднесе оставка откако не обезбеди пласман на Светското првенство во Русија.
Хет-трик против Кина, која ја води селекторот Марчело Липи, постигна Герет Бејл, фудбалерот на Реал Мадрид, со головите во втората, 21-вата и 62-рата минута.
Бејл со тоа стана најдобриот стрелец во историјата на „змејовите“ бидејќи дојде до неговиот 29-ти репрезентативен гол во 69 натпревари. Зад себе го остави легендарниот Јан Раш со 28 погодоци.
Против Кина двократен стрелец беше Сем Вокс во 38-мата и во 58-мата минута, а погоди и Хари Вилсон во 45-тата минута.
Велс со тоа се пласира во финалето на Купот на Кина, каде што ќе игра против подобриот од средбата меѓу Уругвај и Чешка.

 

Најнови вести