Корисничко име Лозинка Пријави се
24.3.2018

Аргентина и без Меси подобра од Италија, Германија и Шпанија ремизираа

Синоќа се одиграа неколку одлични пријателски натпревари помеѓу големите репрезентации, но најголемо изненадување направи Колумбија, која на домашен терен ја совлада Франција. Аргентинците беа подобри од селекцијата на Италија, додека Шпанците одиграа реми 1-1 со Германците, а Англија со голот на Лингард славеше против Холанѓаните.

Во синоќешниот натпревар во Париз, Французите, кои се едни од главните фаворити на Светското првенство во Русија, беа поразени со 3-2 од репрезентацијата на Колумбија.
Домашната селекција одлично го почна натпреварот, во 11-тата минута поведе со голот на Жиру, а по 15 минути Лемар погоди за 2-0. Кога се чинеше дека сè е веќе решено, Колумбијците постигнаа три гола, Муриел ја намали разликата на 2-1, Фалкао го изедначи резултатот на 2-2, а на пет минути пред крајот, Кинтеро успешно го реализира пеналот за победа на неговата екипа со 3-2.
Германците и Шпанците одиграа атрактивен натпревар, имаа повеќе шанси за голови, но и двете страни постигнаа само по еден. Шпанците поведоа со голот на Родриго во шестата минута, а Милер во 35-тата го изедначи резултатот.
Аргентинците покажаа дека може да се снајдат и без Лионел Меси, тие со 2-0 ја победија селекцијата на Италија. Во 75-тата минута погоди Евер Банега, а вториот гол го постигна Лансини во 85-тата минута од натпреварот.
Англија со голот на Лингард во 59-тата минута славеше против Холандија.

Најнови вести