Корисничко име Лозинка Пријави се
26.3.2018

ПСЖ го сака Конте, Мурињо прва резерва

Британскиот весник „Гардијан“ наведува дека ПСЖ почнал преговори со Антонио Конте, менаџерот на Челзи, кој од Островот во Франција би требало да отиде како замена за сегашниот тренер на ПСЖ, Унаи Емери.

ПСЖ, наводно, е подготвен на Конте да му даде 11,4 милиони евра за сезона, додека тој моментно во Челзи добива10,9 милиони.
Емери по поразот од Реал Мадрид и елиминацијата од Лигата на шампионите во осминафиналето, се наоѓа во неповолна положба и судејќи според сè, ќе биде разрешен од должноста по завршувањето на сезоната.
Во случај да не дојде до финализација на договорот со 48-годишниот Италијанец, Насер Ганим Ал-Келаифи, претседателот на ПСЖ, има три одлични алтернативни решенија – Жозе Мурињо, менаџерот на Манчестер јунајтед, Диего Симеоне од Атлетико Мадрид и Масимилијано Алегри од Јувентус.
„Кикер“ вчера објави дека наводно имало преговори меѓу челниците на францускиот клуб и Томас Тухел, некогашниот тренер на Борусија од Дортмунд, но сè укажува на тоа дека 44-годишниот Германец ќе биде наследник на Арсен Венгер во Арсенал.
Конте има договор со Челзи до 2019 година, што значи дека во случај тој да си замине од Лондон оваа година, за него ќе мора да биде платена оштета. Бидејќи релацијата меѓу него и клубот чиј менаџер е од 2016 година не е добра, неговото предвремено заминување е крајно извесно. Конте стана револтиран од управата на Челзи откако не му овозможи да ги доведе играчите што ги сакаше.
Конте има седум бода предност во однос на второпласираниот Тотенхем, минатата година со „сините“ ја освои титулата на Премиер лигата, додека моментно по 30 одиграни кола, се наоѓа на петтото место на табелата со 25 бода помалку во однос на првопласираниот Манчестер сити.

Најнови вести