Корисничко име Лозинка Пријави се
27.3.2018

Алегри ја доби Златната клупа за најдобар тренер

Масимилијано Алегри, тренерот на Јувентус, е прогласен за најдобар тренер на италијанската Серија А во 2017 година.

За Алегри ова е трет пат во кариерата да ја добие наградата Златна клупа.
Тој во трката за најдобар тренер ги победи Џанпјеро Гасперини, шефот на стручниот штаб на Аталанта, и Маурицио Сари, тренерот на Наполи.
„Прво сакам да им се заблагодарам на своите играчи, кои мене и на клубот ми даваат исклучително задоволство. Оваа награда му ја посветувам на својот стручен штаб, но и на клубот кој ми овозможи да седнам на оваа престижна клупа“, изјави Алегри.
„На сите тренери им посакувам среќа до крајот на сезоната... На Сари малку помалку“, додаде тренерот на Јувентус.
Овој 50-годишен тренер минатата сезона го одведе Јувентус до шестата последователна титула на Скудетото и до третиот последователен трофеј во Купот на Италија.
Алегри според бројот на наградите за најдобар тренер на Серија А се изедначи со Антонио Конте, Марчело Липи и Фабио Капело.

Најнови вести