Корисничко име Лозинка Пријави се
27.3.2018

„Енфилд роуд“ може да дише, Салах не е цел на Реал ова лето

За Мохамед Салах сè почесто се шпекулира дека претстојното лето ќе се пресели на „Сантијаго Бернабеу“, но како што пишуваат медиумите во Ливерпул, на Реал од Мадрид поважно му е да ги доведе Еден Азар и Роберт Левандовски во првиот следен преоден рок.

Кога се виде дека Египќанецот Мохамед Салах ќе има сезона од соништата, веднаш се почна со шпекулирање дека Реал Мадрид го сака во неговите редови. Но, фановите на Ливерпул веројатно ќе може да дишат бидејќи политиката на трансфери на Реал ќе биде насочена кон други играчи, за коишто многу посериозно се зборува.
„Гигантот од Мадрид повеќе е заинтересиран за Еден Азар и Роберт Левандовски. Од Реал никогаш не го спомнале Салах, така што верувам дека тој не е кандидат да стане играч на клубот од Мадрид ова лето. Мохамед е во одлична форма и покажува фантастични игри во Премиер лигата, но ако Реал потпише со Азар, не им треба Салах. Исто така, и Еден и Роберт Левандовски очајно сакаат да одат во Реал“, изјави за „Сакј спортс“ шпанскиот новинар Гилјем Балјаг.
Салах неодамна изјави дека сака да остане во Ливерпул.

Најнови вести