Корисничко име Лозинка Пријави се
28.3.2018

Македонија ремизираше и против Азербејџан

Фудбалската репрезентација на Македонија не ја оправда улогата фаворит на натпреварот против Азербејџан во Турција и одигра реми 1-1, но со тоа ја продолжи серијата без пораз која трае девет и пол месеци.

Репрезентативците на Македонија одиграа реми против селекцијата на Азербејџан, кој е еден од конкурентите во Лигата на нациите која ќе почне во септември. Македонија беше подобриот противник, но и Азербејџан имаше доволно шанси да биде победник во средбата.
Азербејџан поведе по пет минути игра. Стефан Ристовски направи прекршок поради кој беше досуден пенал, а погоди Алмеида за водство од 1-0 на Азербејџанците. Македонија изедначи во 23-тата минута, откако беше употребена технологијата ВАР. Врз Пандев беше направен прекршок за пенал, но судијата не го досуди, па беше употребена технологијата ВАР, по која одлуката беше променета. Пеналот за изедначување од 1-1 го реализира Александар Трајковски.
Избраниците на Игор Ангеловски во Турција одиграа две нерешени средби и постигнаа само еден погодок. Сега треба добро да се подготват за Лигата на нациите во септември, во која треба да го освојат првото место за да може да се пласираат на Европското првенство.

Најнови вести