Корисничко име Лозинка Пријави се
28.3.2018

Меси не можеше да го гледа срамот на Аргентина

Лионел Меси, според многумина најдобриот фудбалер на светот, во 78-мата минута од натпреварот меѓу Шпанија и Аргентина одлучи да си замине од стадионот „Ванда Метрополитано“.

„Црвената фурија“ целосно го демолира составот на „гаучосите“ со 6-1, а Меси по шестиот примен гол, го напушти стадионот на Атлетико Мадрид.
Аргентинецот очигледно беше видно изнервиран од ваквиот резултат и не сакаше веќе да ја гледа немоќта на неговите соиграчи од репрезентацијата на теренот.
Шпанија на полувремето водеше со 2-1, меѓутоа во продолжението следуваше вистински потоп.
Головите по ред ги постигнуваа Иско, Алкантара, Аспас и повторно Иско во 74-тата минута.
Иако Меси имаше можност да игра на овој натпревар, двете страни сепак одлучија Аргентинецот да го пропушти и вториот подготвителен натпревар за Светското првенство поради проблемите со тетивата.

Најнови вести