Корисничко име Лозинка Пријави се
30.3.2018

Конте: Во трка сме за Лигата на шампионите, исто како и Ливерпул

Антонио Конте, менаџерот на Челзи, изјави дека е значајно да победи неговиот тим против Тотенхем, предупредувајќи ги играчите дека во игра е пласман во Лигата на шампионите.

„Сините“ во недела ќе го дочекаат Тотенхем, знаејќи дека поразот може да ги остави осум бода зад екипата на Маурисио Покетино.
„Ова е важен, многу важен натпревар за нас. Наша цел за крајот на сезоната е да обезбедиме пласман во Лигата на шампионите и да стигнеме до финалето на ФА купот и, се надевам, да го освоиме. За тоа сите мора да бидат свесни. Доколку победиме во недела, ќе му се приближиме на Тотенхем. Во спротивно, ќе останеме далеку само на седум натпревари до крајот. Ништо не е завршено. Би додал дека и Ливерпул е во таа трка“, изјави Конте.
Тотенхем нема победено на „Стемфорд бриџ“ од февруари 1990 година.
„Зборуваме за одличен тим, кого многу го почитуваме. Еден од најдобрите во Англија. Немаме право на грешка, не смееме да губиме бодови“, додаде италијанскиот стручњак.
Тотенхем моментно е четврти на премиерлигашката табела со 61 бод, Челзи е едно место подолу со пет бода помалку, додека Ливерпул е трет со 63.
Натпреварот во недела на програмата е од 17 часот.

 

Најнови вести