Корисничко име Лозинка Пријави се
31.3.2018

Мурињо го убедил Бејл – Велшанецот од налето на „Олд Трафорд“

Герет Бејл по завршувањето на сезоната, ќе го напушти Реал Мадрид и ќе направи трансфер во редовите на Манчестер јунајтед, како резултат на повеќегодишната желба на клубот од „Олд Трафорд“.

Шпанскиот весник „Марка“ пишува дека Жозе Мурињо, менаџерот на Јунајтед, кој разговарал со итриот крилен напаѓач на Реал, го убедил Бејл налето да дојде во Манчестер.
И минатата година имаа начелен договор, но Реал се откажа од продажбата на 28-годишниот фудбалер, што сега нема да биде случај.
Бејл често е повреден, оваа сезона стартуваше само на 14 натпревари во Примера лигата и Зинедин Зидан, тренерот на Реал, дал согласност да се реализира трансферот.
Дури и пред да дојде во Реал во 2013 година, Бејл се споменуваше како засилување на Јунајтед, но тогаш Тотенхем не сакаше да го пушти во ривалскиот клуб.

Најнови вести