Корисничко име Лозинка Пријави се
02.4.2018

Лалана ќе го пропушти Светското првенство?

Адам Лалана, фудбалерот на Ливерпул, оваа сезона нема многу среќа.

Играчот за врска во текот на сезоната веќе имаше проблеми со повреди, па доста време помина надвор од теренот.
Лалана повторно се повреди во натпреварот против Кристал палас и според пишувањата на англиските медиуми, повредата на задниот дел на бутниот мускул ниту малку не е безопасна.
Поради неа би можело да биде надвор од теренот два месеца, што би значело дека би го пропуштил и Светското првенство во фудбал, кое почнува во јуни во Русија.
Слична повреда имаше и Пол Погба, кој поради тоа отсуствуваше малку повеќе од два месеца.

Најнови вести