Корисничко име Лозинка Пријави се
02.4.2018

Конте: Не е моментот да ви кажам „ви реков“

По поразот од Тотенхем, Антонио Конте изјави дека неговиот тим играл добро, посебно во првото полувреме, и дека и во оваа ситуација е важно да се остане професионалец.

„Мојата реакција? Мислам дека игравме добро, посебно во првото полувреме. Игравме добар фудбал и требаше да биде 2 или 3-0. Наместо тоа, голот на Тотенхем во нашите глави направи голем проблем. Ја изгубивме самодовербата. И второто полувреме  го почнавме добро, но примивме гол кој не можеш да го одбраниш. Мислам дека кај третиот гол направивме грешка, исто така, ако имаш добра шанса, не можеш топката да ја фрлаш на трибините. Но оваа сезона оди вака како што оди“, изјави Антонио Конте по поразот.
Челзи речиси сигурно следната сезона нема да игра во Лигата на шампионите, но Конте не е загрижен за неговата работа.
„Не сум загрижен, искрено. Давам сè што имам, и на клубот и на играчите. Работиме многу напорно и се обидуваме да имаме добра сезона, но на крајот мислам дека тоа го заслуживме“, додаде тренерот на Челзи.
Конте не сакаше ништо да изјави за преодниот рок од којшто не беше задоволен.
„Мислам дека ова не е моментот за таквите приказни, не е моментот да кажам ‘ви реков’. Сега е моментот да пробаме да продолжиме со напорна работа како вистински професионалци. Тоа е она што ќе го работиме до крајот“, додаде Конте.
„Не можете мене да ме прашувате дали топ четири е дел од планот, тоа морате да ги прашате луѓето од клубот. Моја задача е да работам. Јас тоа го знам и работам 24 часа дневно со своите помошници. Клубот е тој што донесува одлуки“, јасно изјави менаџерот на Челзи.

Најнови вести