Корисничко име Лозинка Пријави се
03.4.2018

Крај на сезоната за Мајкл Антонио

За Мајкл Антонио, играчот на Вест хем, оваа сезона веќе е завршена.

Мајкл Антонио ќе го пропушти остатокот од сезоната по повредата на задниот дел на бутниот мускул со која се здоби во победата на „чеканите“ против Саутхемптон.
Антонио мораше да го напушти натпреварот само по десет минути, а вчерашните прегледи потврдиле дека се работи за повреда на задниот дел на бутниот мускул и дека Антонио нема да може да закрепне до крајот на сезоната.
Слична повреда Антонио имаше и во април минатата година, поради која му беше извршена и операција, а сега е во сличен, но, за среќа, помал проблем.
Дејвид Мојс може само да се надева дека Мануел Лансини ќе биде доволно закрепнат да игра против Челзи наредниот викенд.

 

Најнови вести