Корисничко име Лозинка Пријави се
03.4.2018

Мурињо: Важно е што сме на второто место, подобри сме од екипите зад нас

Жозе Мурињо, шефот на стручниот штаб на Манчестер јунајтед, изјави дека верува дека неговата екипа заслужено е на второто место и дека е подобра од ривалите зад неа.

По победата на Јунајтед со 2-0 против Свонси, Мурињо се побуни изјавувајќи дека на екипите коишто се наоѓаат под неговата на табелата им се дава многу поголема заслуга отколку нив.
Ливерпул и Тотенхем се некои од екипите чиј стил на фудбал многу се фали, но тоа што Манчестер јунајтед е пред нив на табелата е доволен доказ дека е подобар.
„Мене ми е многу важно тоа дека откако дојдовме на второто место, таа позиција ја задржавме во целата сезона. Го заслужуваме второто место и покрај сè што се зборува. Кажувате дека трето и четвртопласираните екипи се подобри од нас, но не се бидејќи ние имаме повеќе бодови. Ќе се бориме до крајот. Имаме уште седум натпревари и ќе се бориме да останеме втори“, изјави Мурињо.
На седум натпревари до крајот, Јунајтед има 68 бодови и 60 постигнати голови, што е повеќе отколку што имаше за толкав број натпревари во минатата сезона.
„Имаме повеќе бодови и повеќе постигнати голови отколку во минатата сезона. Ќе се обидеме сезоната да ја завршиме на второто место, така што не е сè лошо како што кажувате вие“, изјави Мурињо.
Манчестер јунајтед има дури шеснаесет бода помалку зад градскиот ривал, а кај Сити ќе гостува во следното коло, во сабота. Манчестер сити со евентуална победа, и официјално би ја освоил Премиер лигата.

Најнови вести