Корисничко име Лозинка Пријави се
03.4.2018

Чистка во Челзи – си одат и ѕвездите

На крајот на сезоната Челзи би можело да го напуштат деветмина фудбалери, пренесуваат британските медиуми.

На списокот со играчи кои налето би можело да побараат нова средина се: Еден Азар, Тибо Куртуа, Сеск Фабрегас, Педро, Гери Кејхил, Давид Луиз, Оливие Жиру, Курт Зума и Миши Батшуаји.
По катастрофалната сезона, во која „сините“ не освоија ниту еден трофеј, а веројатно ќе останат и без пласман во Лигата на шампионите, „Стенфорд бриџ“ веројатно ќе го напушти и тренерот Антонио Конте, кој ќе инкасира девет милиони фунти во случај предвремено да ја раскине соработката.
Белгиските репрезентативци Азар и Куртуа можеби нема да ги продолжат договорите со Челзи ако клубот не се квалификува за Лигата на шампионите, Фабрегас, Педро, Кејхил, Луиз и Жиру налето влегуваат во последната година од договорот и „сините“ немаат намера да им понудат долгорочна соработка со оглед на тоа дека сите се постари од 30 години.
Иднината на Батшуаји и на Зума, коишто играат на заем во Борусија Дортмунд, односно во Стоук, ќе зависи од тоа кој ќе го предводи од клупата тимот од Лондон во следната сезона.
Челзи по 31 одиграно коло, се наоѓа на петтото место во Премиер лигата со 56 бода и зад четвртопласираниот Тотенхем заостанува со осум бода.

Најнови вести