Корисничко име Лозинка Пријави се
04.4.2018

Роналдо: Голот се случи спонтано

Кристијано Роналдо, фудбалерот на Реал Мадрид, по победата на неговиот тим над Јувентус, во која тој имаше клучна улога, не го криеше задоволството.

Натпреварот го обележа неговиот спектакуларен гол од ножички, за којшто Португалецот рече дека се случил спонтано.
„Фантастичен гол, што би можел друго да кажам? Кога шутирав, не очекував дека ќе постигнам гол, тоа спонтано се случи, но ајде да зборуваме за нашата игра на натпреварот“, скромно изјави Роналдо, стрелецот на двата гола на натпреварот.
„Имавме неверојатна игра. Постигнавме три гола против одличен клуб каков што е Јувентус. Покрај важната победа, уште повеќе сум задоволен како игравме. Ова навистина беше одлична вечер и сега сме значително растоварени, но сепак со доза на внимание ќе го дочекаме натпреварот во Мадрид“, изјави Кристијано Роналдо по натпреварот.

Најнови вести