Корисничко име Лозинка Пријави се
04.4.2018

Валверде: Меси ќе игра

Ернесто Валверде, тренерот на Барселона, изјави дека многу ја почитува Рома, против која Каталонците ќе играа во четврт-финалето на Лигата на шампионите.

Од сите тимови во четврт-финалето на Лигата на шампионите, Рома, покрај Севилја, спаѓа во главните аутсајдери. Сепак, тренерот на Барселона изјави дека ја почитува Рома и дека воопшто не е изненаден од тоа што таа екипа е меѓу осумте најдобри тимови на Европа.
„Зборуваме за квалитетен тим кој игра одлично и во Лигата на шампионите и во Серија А. Ме загрижува тоа што Рома има многу добра структура во играта, добро се позиционираат и знаат да играат под силен притисок. Добри се и во нападот и во одбраната и тешко е да ги победите кога се во форма. Голманот Алисон е многу добар, не знам баш дали тој е голманскиот Меси, но е фантастичен. Мораме добро да се браниме и да пробаме да доминираме во натпреварот“, изјави тренерот на Барселона и додаде дека на натпреварот на „Камп ноу“ ќе играат и Лионел Меси и Серхио Бускетс.
„Како Меси, така и Бускетс е многу важен и фундаментален играч за нас. Важно ни е да е на теренот“, додаде тренерот на Каталонците.
„Во четврт-финалето не може сè да се реши во првиот натпревар. Мораме да бидеме внимателни бидејќи предвидувањата кои кажуваат дека ние сме фаворити ништо не вредат. Ние тоа мораме да го покажеме на теренот. Исто така, сакаме да го освоиме трофејот, но досега не направивме ништо. Многу работи треба да се решат овој месец бидејќи го имаме финалето на Кралскиот куп, а сакаме да одиме понатаму и во Лигата на шампионите“, изјави Валверде.
Натпреварот меѓу Барселона и Рома се игра вечерва, од 20.45 часот на „Камп ноу“.

Најнови вести