Корисничко име Лозинка Пријави се
05.4.2018

Суарес: Алисон одлично бранеше, 4-1 е реален резултат

Некои ќе речат дека Рома можеби не заслужила убедливо да изгуби на „Камп ноу“ (4-1), но Луис Суарес, еден од стрелците за Барселона, изјави дека резултатот ја отсликува состојбата на теренот.

Суарес го постигна последниот гол на натпреварот и со тоа го прекина неговиот пост во Лигата на шампионите, кој траеше од почетокот на сезоната.
„Мојот гол помогна да ја зголемиме предноста и дојде во моментот кога Рома играше многу добро. Ниеден гол немаше да постигнеме доколку со своите комбинации не успеевме да стигнеме до нивниот шеснаесетник. Имавме многу шанси, нивниот голман одлично бранеше, така што овој резултат не е нереален“, изјави Суарес по натпреварот.

Најнови вести