Корисничко име Лозинка Пријави се
11.4.2018

Валверде: Не можам да ги критикувам своите играчи

Барселона доживеа уште еден болен пораз во Европа, трета година по ред е елиминирана во четврт-финалето на Лигата на шампионите, овој пат речиси на неверојатен начин.

Никој не се надеваше дека каталонскиот клуб ќе ја испушти предноста од 4-1 од првиот дуел, но тоа сепак се случи, Рома се пласира во полуфиналето на Лигата на шампионите.
„Можеме само да ја кренеме главата, бидејќи ништо друго не ни преостанува“, изјави тренерот Валверде по натпреварот.
„Беа подобри, нè надиграа и мораме да им честитаме. Мораме да закрепнеме, бидејќи и понатаму се бориме за два трофеи, сакаме да победуваме. Таков е фудбалот, не можам да ги критикувам своите играчи. Се чувствувам одговорен, бидејќи тренерот е одговорен за сè. Јас сум тој кој го избра тимот, кој ги правеше промените...“, искрено изјави Валверде.

Најнови вести