Корисничко име Лозинка Пријави се
11.4.2018

Алегри: Кој не верува во пласман, нека не се качува во авионот

Јувентус го очекува тежок натпревар во реваншот од четврт-финалето на Лигата на шампионите, но Масимилијано Алегри, тренерот на „старата дама“, не ја губи надежта.

Реал Мадрид и Јувентус вечерва го играат реваншот од четврт-финалето во Мадрид, каде што Јувентус ќе се обиде да го стигне заостанувањето од 0-3 од Торино.
Иако доминира на клупската сцена во Италија, Реал за Јувентус една година наназад е вистински „стрептомицин“ во Европа.
„Кој не верува дека не можеме да го направиме она што тие ни го направија нам во Торино, нека не ни влегува во авион“, им порача Алегри на неговите играчи, а објави „Тутоспорт“.
Очекувано, никој не се јавил доброволно да остане во Торино, а Џорџо Кјелини, дефанзивниот играч на „старата дама“, ги поздрави зборовите на неговиот тренер.
„Во животот и во спортот никогаш не се знае, негова е мудроста“, изјави Кјелини.
На Јувентус му се даваат мали шанси дека може да се пласира како победник од овој двомеч, но треба да се потсети дека слично беше и со Рома, па донекаде и со Ливерпул (пред првиот натпревар).
Фудбалот е тоа, се случуваат чуда, а и на Јувентус можеби ќе му биде потребно едно од 20.45 часот.

 

Најнови вести