Корисничко име Лозинка Пријави се
12.4.2018

Кјелини: Колку плативте за пеналот?!

Гореа и допрва ќе горат играчите на Јувентус по елиминацијата од Реал Мадрид, иако го стигнаа заостанувањето од трите гола од Торино. Пресуди контроверзно досудениот пенал од страна на Мајкл Оливер, а Џорџо Кјелини нема дилеми дека тој не постоеше.

„Најголем грабеж кој сум го доживеал во професионалната кариера. Срамно е во Лигата на шампионите секогаш да се оди во корист на Реал, никогаш не се случува спротивното. Во Баерн се сеќаваат што се случи овде минатата година“, изјави налутено Кјелини, кого камерата го фати кога се обрати кон судијата со прашањето: „Колку те платија за пеналот“?!
Јувентус по поразот во првиот натпревар во Торино со 3-0, поведе во Мадрид со 3-0 во 61-вата минута, а судијата Мајкл Оливер досуди пенал во третата, последната минута од продолжението, по дуелот меѓу Бенатија и Лукас Васкез, кој Роналдо го реализира и го одведе актуелниот шампион на Европа во полуфиналето.

Најнови вести