Корисничко име Лозинка Пријави се
12.4.2018

На Ракитиќ му е опериран прстот, се враќа за десет дена

На Иван Ракитиќ, фудбалерот на Барселона, му е извршена операција на прстот на раката по повредата со која се здоби во поразот од Рома (0-3) и елиминацијата во четврт-финалето на Лигата на шампионите, објави каталонскиот клуб.

Хрватскиот играч за врска со скршениот прст ги одигра сите 90 минути на „Олимпико“, но лекарите на Барселона установиле дека ќе мора да му биде извршена операција и да паузира.
Шпанските медиуми пишуваат дека тој ќе биде надвор од теренот околу десетина дена и дека во екипата ќе се врати за финалето на Кралскиот куп против неговиот поранешен клуб Севилја.
Ракитиќ оваа сезона е еден од најстандардните првотимци на Барселона со 47 одиграни натпревари и четири постигнати гола.
Овој 30-годишен фудбалер играше уште за Шалке и Базел.

 

Најнови вести