Корисничко име Лозинка Пријави се
12.4.2018

Крај на епохата – Иниеста се договорил со Тијанџин

Андрес Иниеста, капитенот на Барселона, договорил трансфер во кинескиот Тијанџин Чанџјан, каде што ќе ги помине наредните три сезони.

Легендарниот Шпанец по истекувањето на договорот, има опција да го продолжи на уште една година, пренесува Радио Каталуња.
Како што се наведува, годишната плата на фудбалерот кој целата кариера ја помина во Барселона би требало да изнесува 37 милиони евра пред оданочувањето.
Иниеста во вторникот вечерта, по шокантната елиминација од Рома во четврт-финалето на Лигата на шампионите, изјави дека во Рим веројатно му е последниот натпревар во ова натпреварување, кое со Барселона го освои четири пати.
Капитенот на каталонскиот клуб за првиот тим дебитираше во 2002 година, одигра 688 натпревари и освои 30 трофеи, а беше дел и од најуспешната генерација репрезентативци на Шпанија, која два пати го освои Европското првенство и еднаш Светското.

Најнови вести