Корисничко име Лозинка Пријави се
13.4.2018

По Рибери, Робен продолжува со германскиот шампион

Само по неколку часа откако Баерн од Минхен го продолжи договорот со Франк Рибери, уште на еден ветеран му ја укажа таа чест – Арјен Робен.

Управата на „баварците“ одлучила со 34-годишниот Холанѓанец да ја продолжи соработката на уште една година. Двајцата освојувачи на тројната круна од 2013 година потпишале договори со важност до јуни 2019 година.
Рибери и Робен во последните неколку седмици беа незадоволни од фактот дека толку долго се чека за да почнат преговорите. Двајцата во меѓувреме добија понуди од странство, и тоа од Далечниот Исток, но приоритет им беше Баерн.
Потврдата за овие информации би требала да биде формализирана во наредните две седмици.
На Рибери наредната сезона ќе му биде дури 12-та, а на Робен деветта.
Откако го облече дресот на Баерн, Рибери одигра 382 натпревари во сите натпреварувања, во коишто постигна 117 голови и имаше 158 асистенции.
Робен боите на клубот од Минхен ги бранеше во 287 натпревари, противничката мрежа ја затресе 138 пати, додека асистираше 97 пати.

Најнови вести