Корисничко име Лозинка Пријави се
13.4.2018

Баерн го одреди наследникот на Хејнкес – Нико Ковач

Како што јавува „Билд“, Баерн од Минхен одредил кој ќе го наследи Јуп Хејнкес по завршувањето на сезоната, а тоа би требало да биде Нико Ковач, сегашниот тренер на Ајнтрахт.

Според тие наводи, Баерн на клубот од Франкфурт ќе му ја исплати откупната клаузула од 2,2 милиони евра. Досега низ медиумите како кандидати се вртеа Тухел, Нагелсман, Клоп, Лев, но очигледно изборот паднал на тренерот на клубот кој е едно од најпријатните изненадувања сезонава.
Дека овие наводи се многу блиску до вистината, потврдува и информацијата на „Кикер“ дека Нико Ковач го известил Фреди Бобич, спортскиот директор на моментно петтата екипа во Бундеслигата, која има одлични шанси да обезбеди пласман во Лигата на шампионите, дека ќе ја напушти екипата на крајот на сезоната.

Најнови вести