Корисничко име Лозинка Пријави се
13.4.2018

Судар на титаните во Михен, Ливерпул со Рома

Шампионот на Германија Баерн Минхен ќе игра против европскиот шампион, Ливерпул ќе се сретне со Рома во полуфиналето на Лигата на шампионите.

Во полуфиналето на елитното европско клупско натпреварување ќе го имаме и финалето пред финалето во дуелот на актуелниот европски и шпански шампион Реал Мадрид и германскиот првак Баерн Минхен.
Двата клуба редовно се среќаваат минатите години во нокаут фазата, а последен пат играа минатата сезона кога „кралевите“ со вкупен резултат 6-3 го елиминираа Баерн. На тој двомеч Роналдо постигна пет голови и практично сам ги исфрли баварците.
Во другото полуфинале ќе играат Ливерпул и Рома која го направи најголемото изненадување оваа сезона откако во четвртфиналето беше подобра во двомечот со Барселона.
Ова ќе биде враќање на Мохамед Салах во Рим од каде минатото лето прејде во Ливерпул и сезонава е еден од најдобрите фудбалери во Европа.
Првите полуфинални натпревари на програмата се на 24 и 25 април, реваншите на 1 и 2 мај.
Финалето е закажано за 26 мај на „Олимпискиот стадион“ во Киев.

 

Најнови вести