Корисничко име Лозинка Пријави се
14.4.2018

Од Шалке потврдија, заврши сезоната за Настасиќ

Според најавите од Гелзенкирхен, Настасиќ (25), кој одигра 24 првенствени натпревари оваа сезона и три дуели во Купот, ќе мора да паузира од осум до 12 седмици.

Од Шалке го потврдија она што репрезентативецот на Србија неволно го најави оваа седмица. Матија Настасиќ ја заврши сезоната на пет кола пред крајот поради повреда на вкрстените лигаменти на десното колено.
Дефанзивниот играч на второпласираната екипа во Бундеслигата излезе во 75-тата минута во поразот од Хамбургер минатиот викенд.
Според најавите од Гелзенкирхен, Настасиќ (25), кој одигра 24 првенствени натпревари оваа сезона и три дуели во Купот, ќе мора да паузира од осум до 12 седмици.
Стоперот, кој во Бундеслигата дојде во јануари 2015 година од Манчестер сити, веќе имаше една тешка повреда. Поради фрактура на Ахиловата пета, ја пропушти цела сезоната 2015/16.

Најнови вести