Корисничко име Лозинка Пријави се
17.4.2018

Се огласи Батшуаји – Лоши вести...

Се очекуваше поинаков епилог, но уште на теренот речиси беше јасно што се случило.

Дербито на Рур во неделата, натпреварот меѓу Шалке и Борусија Дортмунд во Гелзенкирхен, ќе му остане во лошо сеќавање на белгискиот репрезентативец и напаѓач на Дортмунд.
Миши Батшуаји во финишот на натпреварот, кој Шалке го доби со 2-0, доживеа тешка повреда на глуждот, беше изнесен од теренот и во текот на вчерашниот ден стигна информација за тежината на неговата повреда.
Информацијата дојде од прва рака. Батшуаји се огласи на „Твитер“ и изјави дека вестите не се добри, како и дека за него сезоната во Дортмунд најверојатно е завршена.
Тој на крајот на јануари како играч на заем од лондонскиот Челзи стигна во редовите на „милионерите“, а со оглед на тоа дека заемот истекува на крајот на сезоната, изгледа дека веќе се збогува од настапите во Бундеслигата.
Батшуаји во неговата вчерашна порака, исто така, им се заблагодари на сите коишто од завчера му дале поддршка, и на навивачите и на неговите соиграчи, на кои им посака успех во финишот на сезоната.
Негова најголема грижа во овој момент е дали ќе биде подготвен за Светското првенство во Русија. Тоа во овој момент тешко може да се процени.

Најнови вести