Корисничко име Лозинка Пријави се
18.4.2018

Хет трик на Милер, Баерн како казнена експедиција за „фармацевтите“

Фудбалерите на Баерн од Минхен го победија Баер од Леверкузен со 6-2 во полуфиналето на Купот на Германија.

Ново-стариот шампион на Германија поведе уште во третата минута со голот на Левандовски, а тој ја удвои предноста уште во деветтата минута.
Рибери од левата аут-линија на голот центрираше, Левандовски никој не го чуваше и Полјакот лесно ја испрати топката во мрежата за 2-0.
Бендер успеа да намали по прекинот во 16-тата минута, а со неговиот погодок и со резултат 2-1 заврши првото полувреме.
Во второто полувреме, Томас Милер, по додавањето на Алкантара, зголеми на 3-1 во 52-рата минута, а потоа и самиот Алкантара во 60-тата даде гол за 4-1.
Во 64-тата минута од средбата, Робен му асистираше на Милер за 5-1. Бејли од слободен удар во 72-рата го ублажи поразот, но потоа Милер го комплетираше хет-трикот во 78-мата минута и го постави конечниот резултат.
Баерн Минхен во финалето го чека подобриот од дуелот меѓу Ајнтрахт и Шалке.

Најнови вести