Корисничко име Лозинка Пријави се
18.4.2018

Ибрахимовиќ: Ќе играм на СП, ако кажам уште нешто, ќе ме обесат

Златан Ибрахимовиќ веќе не ја искажува желбата да игра на Светското првенство, но изразито тврди дека ќе игра на Мундијалот.

Најдобриот стрелец и рекордер според бројот на настапи за Шведска се повлече од репрезентацијата по Европското првенство 2016 година, не беше дел од тимот кој ја елиминира Италија во баражот за Светското првенство во Русија, но сака да се врати во селекцијата.
По речиси една година откако се бореше со повреди, Ибрахимовиќ се прероди во американската МЛС-лига, каде што веќе постигна неколку гола за победа на Лос Анџелес галакси.
„Ќе одам на Светското првенство, да. Само велам дека ќе одам на Светското првенство. Ако кажам уште нешто, луѓето ќе ме обесат, па морам да внимавам што зборувам. Светското првенство без мене не би било Светско првенство“, изјави Ибрахимовиќ во една од најпопуларните ТВ-емисии во САД, Џими Кимел во живо.
Шведска на Мундијалот претстојното лето ќе игра во групата Ф со Јужна Кореја, Мексико и актуелниот светски шампион Германија.

Најнови вести