Корисничко име Лозинка Пријави се
19.4.2018

Јунајтед без проблеми во Борнмут

Фудбалерите на Манчестер јунајтед славеа на гостувањето кај Борнмут, во натпреварот од 35-тото коло на Премиер лигата.

Манчестер славеше со 2-0, со головите на Крис Смолинг и на Ромелу Лукаку.
Смолинг им донесе предност на „црвените ѓаволи“ во 28-мата минута од играта на стадионот „Виталити“. Џеси Лингард го заврши поголемиот дел од работата и на Смолинг му испрати одлична топка, по што тој немаше проблем да ја испрати во голот на Асмир Беговиќ.
Во 70-тата минута од натпреварот, голманот на репрезентацијата на Босна и Херцеговина го матираше Лукаку. Пол Погба добро центрираше, а Лукаку уште подобро ја испрати топката под стативата.
На Манчестер јунајтед му претстои натпреварот од полуфиналето на ФА купот, кој ќе го одигра во сабота, против Тотенхем.
Доколку денес Челзи не го победи Барнли, Јунајтед и математички ќе го обезбеди второто место на табелата, на која има четири бода повеќе од Ливерпул, а шест повеќе од Тотенхем.

Најнови вести