Корисничко име Лозинка Пријави се
19.4.2018

Четвртото Ел Класико на сезоната е потврдено за шести мај

Фудбалерите на Барселона ќе го нагостат Реал од Мадрид во четвртото Ел Класико оваа сезона на шести мај, на „Камп ноу“, потврди Ла Лига.

По тој дуел, на двете екипи ќе им останат по три натпревари до крајот на сезоната, па постои можност избраниците на Ернесто Валверде дотогаш веќе да ја обезбедат титулата.
Зинедин Зидан, тренерот на Кралскиот клуб, веќе изјави дека Реал сигурно нема на никој начин да ѝ оддаде почитување на Барселона во случај таа да ја преземе титулата дотогаш.
Пет дена пред тој дуел, Мадриѓаните ги чека реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите со Баерн Минхен, а првиот натпревар се игра на 25-ти април.
Барселона победи со 3-0 во првиот натпревар на сезоната во Примера лигата, но претходно во двата натпревари Ел Класико во Суперкупот славеше Реал со вкупен резултат 5-1.
Дуелот меѓу Барселона и Реал Мадрид се игра на шести мај, во 21.45 часот.

Најнови вести