Корисничко име Лозинка Пријави се
31.12.2011

Сарагоса му врачи отказ на Агире

Мексиканскиот стратег Хавиер Агире доби отказ од должноста тренер на Сарагоса поради лошите резултати.

По одиграните шеснаесет кола Сарагоса е на последното место на табелата само со десет освоени бодови. Од 17-ти октомври таа е без победа во сите натпреварувања, па управата на клубот реши да му се заблагодари за соработката на Мексиканецот, поранешниот селектор на Мексико, кој порано ги предводеше Осасуна и Атлетико Мадрид.
Агире на клупата на Сарагоса седна во декември минатата година и на клубот му обезбеди опстанок во Примера лигата со победата над Леванте од 2-1. Потоа му беше понуден нов договор, кој раководството на клубот сега го раскина.
„Му се заблагодаруваме на Агире и на неговиот професионализам во текот на работата во нашиот клуб. Но ситуацијата ни налага итна промена на правецот и затоа го раскинавме досегашниот договор“, соопштија од клубот.
На негово место ќе дојде Хосе Мигел Гонзалес, познат како Мичел, поранешна ѕвезда на Реал Мадрид, а на жешката клупа ќе седене по новата година.

Најнови вести