Корисничко име Лозинка Пријави се
23.4.2018

Барселона ја понижи Севилја за трофејот во Кралскиот куп

Фудбалерите на Барселона го освоија првиот трофеј во сезоната откако во финалето на Кралскиот куп ја декласираа Севилја со 5-0.

Каталонците на стадионот „Ванда Метрополитано“ во Мадрид речиси го понижија ривалот и сега се на чекор од новата двојна круна, бидејќи во првенството само три бода ги делат од титулата.
Ова беше јубилејниот 30-ти трофеј во најбројното шпанско натпреварување, што е рекорд на Пиринејскиот Полуостров, а теренот на Атлетико Мадрид беше местото каде што се одигра една од најдобрите партии оваа сезона.
Уште од првата минута беше јасно дека Каталонците сакаат да се искупат пред навивачите за шокантното испаѓање од Рома во четврт-финалето на Лигата на шампионите, па уште од стартот вршеа притисок врз ривалот.
Уште во 14-тата минута Барселона поведе со 1-0, со голот на Луис Суарес. Малку подоцна Иниеста ја погоди стативата, а по две минути Меси го удвои водството. Алба и Иниеста одиграа двоен пас, со многу среќа, топката остана во нозете на шпанскиот бек, но потоа одлично ја одигра со пета вратената  топка –Аргентинецот од непосредна близина само ја испрати топката под пречката. 
Со тоа Меси дојде до две големи достигнувања – го изедначи рекордот на легендарниот Телмо Заре како човек кој постигнал по минимум гол во пет различни финалиња на Кралскиот куп и дојде до 40-тиот погодок во сите натпреварувања во деветтата последователна сезона.
На полувремето веќе сè беше решено бидејќи Суарес, по неверојатното додавање на Меси, го постигна и третиот гол, па второто полувреме беше само формалност.
Андрес Иниеста го даде четвртиот гол, со што на најдобар начин се поздрави од саканиот клуб. Иниеста синоќа го подигна 31–виот пехар пред да се пресели во Кина, каде што ќе ја продолжи кариерата.
Конечниот резултат го постави Филипе Кутињо од белата точка, а во финишот целиот стадион го поздрави Андрес Иниеста. Се приклучија и навивачите на Андалузијците, коишто му оддадоа почит на еден од најдобрите фудбалери на сите времиња.

 

Најнови вести